Salt Title

Солената соба е просторија во која на сите ѕидови, плафонот и подот има поставено 5 тони сол. На удобна лежалка се одмарате додека уживате во убава музика или некој филм. Еден третман во солената соба заменува 5 дена поминати покрај море.Солената соба oвозможува одлично смирување и релаксација на удобните лежалки после напорниот работен ден. Ќе се чувствувате подобро, ќе го намалите уморот, стресот и напнатоста. Кристалните камени соли како природни јонизатори ја подобруваат здравствената состојба бидејќи произведуваат негативни јони кои се наогаат само кај морските предели после олуја и грмотевици. Јонизираниот бран има позитивно влијание на човечкото тело, доведува до психофизичка рамнотежа и помага при концентрација и работна способност. Медицински е потврдено дека солената соба има одлично терапевтско влијание во лечењето на астмата и бронхитисот, го смирува и подобрува дишењето, ги прочистува дишните патишта и делува против голем број алергии и секако ги урамнотежува минералите во организмот.