За Нас
TCC Plaza е повеќенаменска зграда на четири ката, лоцирана во центарот на Скопје, главниот град на Република Македонија, што значи дека се наоѓа во финансискиот, бизнис и забавен центар.

TCC Plaza хотелот од бизнис класа,ги сместува своите гости со дискреција, стил и за разумни цени во атрактивен хотел со 22 луксузни бизнис апартмани и најновото дополнение, Велнес центарот. Тоа е ексклузивен комплекс за рекреација, релаксација и целосна ревитализација. 24-часовната услуга за клиентите, целосната сигурност и соодветниот пракинг простор, претставуваат сосема нов пристап кон концептот „Сè за Вашиот бизнис и задоволство“. Доброто место за бизнис е од суштинско значење за добар бизнис. TCC Plaza нуди првокласни канцеларии за наем. Тие се лоцирани на приземјето, на првиот и вториот кат, имаат лесно достапен влез и пријатна атмосфера. Со флексибилен простор за користење со големина од 10 до 2000 квадратни метри и под професионално раководство, тие се идеалниот простор за завршување на Вашите бизнис обврски за секаков вид на активности.

Одделот за шопинг во делот на приземјето: менувачница, банка, ресторан, бутици, продавници за сувенири се само еден дел од поволностите, кои ги добиваат гостите кои престојуваат во хотелот TCC Plaza.

Однесете некој сувенир дома за да го комплетирате незаборавното искуство од посетата на Македонија, Скопје и TCC Plaza.