Сауна
Ароматерапијата се развива многу брзо низ целиот свет. Третманите содржат испарливи масла кои се деривати на одбрани растенија кои делуваат на вашето расположение и здравје. Се работи истотака со масла од избрани билки и мириси кои се користат во сапуни, лосиони, шампони и балсами. Луѓето се обидуваат да ја разберат разликата во цените, но цените се оправдано високи, заради самата вредност на ароматерапијата.

Додека ароматерапијата се смета за потполна медицинска постапка во Соединетите Американски Држави, сепак одбраните масла што се користат се увезуваат од Европа. Во Франција, на пример многу одбрани масла се користат само преку одредување терапија и ароматерапијата е дел од вообичаената медицина. Додека многу луѓе веруваат дека ароматерапијата е се што вашиот нос ќе осети, сепак има могу повеќе од тоа.

Одбраните масла се екстракти од растенија, и многу од нив имаат фармаколошки ефекти на телото и умот. На пример, маслата од лаванда имаат специфична хемиска шминка и на нив реагираат хемиските рецептори во мозокот.

Ароматерапијата се користи за да ве ослободи од некаква болка или гадење (морска болест) многу често е пост-оперативна или поврзана со хемотерапијата. Ефектите на ароматерапијата се следниве:

  1. Aнтисептички ефекти, на пример: антивирусни, антигабични и антибактериски
  2. Aнтисептички ефекти: некои одбрани масла, како ментол или камфор за привремено потиснување на болни рецептори. Маслата од камфор, на пример се користат за да ја олеснат забоболката.
  3. Ефектите врз централниот нервен систем може да предизвикаат релаксација или психолошки ефекти. Доколку се чувствувате нервозно или пак сте под некој стрес, ароматерапијата може да ви помогне, да ве направи смирени и да ве релаксира. Примерите вклучуваат босилек, Бомео камфор, цимет, каранфилче, чемпрес, еукалиптус, лук, сардела, ѓумбир, лаванда, лимон, мајоран, кромид, пеперминт, бор, роза, рузмарин, мајчина душичка. Со различните начини на комбинирање можете да се постигнат ефектите од ароматерапијата:
  4. Инхалација, заеднички метод за доставување на одбраните масла е распространетоста на маслата во воздухот или преку директна инхалација. Апсорпција во кожата преку бањање, масажи или притискање
  5. Апсорпција преку слузницата
  6. Преку внесување храна – ретко се употребува или пак под медицински надзор. Постојат повеќе испитувања за да се докаже ефикасноста или безбедноста на ароматерапијата, но некои третмани на ароматерапијата се веќе одамна прифатени. Ова ја вклучува употребата на еукалиптус и ментол за третирање на преполнетите респираторни инфекции, и употреба на лаванда за олеснување на болката или релаксација.

Ова се само неколку идеи што можете да ги користите за здравје и добросостојба

7 супер совети за здравје и добросостојба

Животот полн со здравје и добросостојба можат да ви донесе многу бенефиции. Доколку имате доволно енергија, можете да направите многу повеќе за да го направите вашиот живот активен и полн со возбуди. Во спротивно замислете, да сте уморни, болни или врзани за кревет – во такви ситуации вие сте зависни и секогаш имате потреба од другите, се чувствувате депресивни и насобирате многу негативна енергија.

За да живеете живот полн со здравје и добросостојба, еве 7 совети:

  1. Хранете се здраво. Вашите дневни оброци треба да содржат здрав баланс на храна. Значи дека треба да консумирате многу зелени листови од заленчук и многу вода. Знаете што му треба на вашето тело, така што внесувањето количински малку, нема да ви помогне да го одредите балансот на здрава храна во вашиот живот.
  2. Вежби. Треба да се прават најмалку четири до пет пати неделно. Ова му помага на вашето тело да изгради мускулатура на различни делови, да бидете способни да загубите одредена тежина , да имате превенција од разни видови заболувања.
  3. Сон. Многу луѓе кои живеат брзо имаат недостаток на сон. Доколку немате можност да се наспиете, вашето тело никогаш нема да биде способно да реагира соодветно. Бидете сигурни дека се чувствувате одморено, и пресметајте колку време ви е потребно за спиење. Ова ќе му овозможи на вашето тело да може да функционира, да биде доследно и полно со енергија секој ден.
  4. Релаксација и анти стрес. Стесот е предизвикувач на многу заболувања и болести. Измореното тело никогаш нема да може да ги извршува функциите добро во нормален ритам. Редовниот одмор може да ве подмлади и да ви помогне да се справите со вашите предизвици многу подобро и полесно отколку кога сте заморени. Исто така, зарем не сте забележале дека, вашите најдобри идеи доаѓаат кога сте во некоја релаксирачка состојба?
  5. Борба против лошите навики. Тоа значи алкохолот, дрогата и пушењето. Сите овие навики создаваат токсини во вашето тело и се многу веројатно предизвикувачи на рак и на сите видови на нерасположение и слабости.
  6. Одржувајте го активен мозокот.. Продолжете со учење и усовршување. Исто како и вашето тело, вашиот мозок има потреба од вежби и храна. Активниот мозок ве одржува будни, подготвени, заинтересирани и ви овозможува да постигнете чувство на добросостојба.
  7. Зголемете ја вашата духовност. Не постојат само умот и вашето тело. На вашата душа и е потребен и мир. Важно е да ја одржувате вашата душа позитивна и во непријатните ситуации со кои се соочувате секојдневно. Редовните медитации и одредените активности, ја исполнуваат вашата духовност.

Доколку посакувате да бидете на патот кон доброто здравје и добросостојба, вие мора да бидете доследни и свесни за специфичните постапки кои треба да ги следите. Константно потсетувајќи се себеси, што значи: да не внесувате нездрава храна, да запалите нова цигара или да спиете 4 часа секоја ноќ. Доколку сте запознаени со тоа што треба да превземете за правилно да ги следите стапките за здрав живот и добрососотојба, ќе бидете пропратени со многу поголема продуктивност, среќа и исполнет живот.